Научници од Google можат да откријат срцеви болести со гледање во очите на луѓето

- Advertisement -

Научници од здравствено-техничката подружница на Google, Verily, открија нов начин на проценување на ризикот од срцеви болести со помош на машинско учење. Според нивната метода, гледањето во очи, колку и да звучи чудно или не, може да помогне за дијагностицирање проблеми со срцето, пишува Zimo.

Имено, со анализа на скенирана позадина на очите софтверот на компанијата Verily може да даде прецизни податоци за одрден пациент, вклучувајчи ја возраста, крвниот притисок, дали е пушач или не… Така со помош на податоците од скенерот може да се предвидат потенцијалните ризици од појава на срцев удар.

- Advertisement -

Овој алгоритам потенцијално им ја олеснува на докторите анализата на кардиоваскуларната состојба на пациентите и тоа без тестирање на крвта. Меѓутоа, оваа метода ќе треба подетално да се испита пред да се дозволи да се користи во клиника. Наместо да ги замени лекарите, оваа метода се обидува да го прошири она што можат да го направат лекарите. При тестирањето на алгоритмот Google и Verily користеа машинско учење за анализа на медицински податоци од речиси 300.000 пациенти. Овие податоци се однесуваат на преглед на очите, како и општи медицински информации за пациентите.

Иако звучи необично со гледање во очи чекарите да препознаат дали некој има здраво срце или не, сепак тоа е возможно. Имено, задните внатрешни ѕидови ан очите се полни со крвни садови кои го рефлектираат целосното здравје на телото.

Сподели!
- Advertisement -