УНИЦЕФ: Ова се земјите со најголема и најмала смртност на бебињата

- Advertisement -

Секоја година во светот околу 2,6 милиони бебиња умираат во првиот месец по раѓањето. Во некои земји бројките на смртноста кај новореоденчињата се многу пострашни отколку кај други. Еден извештај на УНИЦЕФ ги рангира земјите според стапката на смртност во 2016 година.

Според извештајот, земја со најголема смртност на новороденчињата е Пакистан, каде што умира едно од 22 бебиња пред да наполни еден месец. Земја со најмала стапка на смртност кај новороденчињата е Јапонија – таму умира само едно од 1.111 бебиња, пренесува CNN.

Бебето родено во Пакистан има 50 пати поголеми шанси да умре во првиот месец откокку бебето родено во Јапонија или во Исланд, на пример, која се наоѓа на второ место со најмала смртност, според извештајот. УНИЦЕФ исто така посочува дека САД и Обединетото Кралство имаат поголеми стапки на смртност кај новороденчињата отколку Куба, Германија, Јужна Кореја и Сингапур.

Топ 10 земји со најголема смртност кај новороденчињата:

- Advertisement -
  1. Пакистан
  2. Централноафриканска Република
  3. Авганистан
  4. Сомалија
  5. Лесото
  6. Гвинеја-Бизо
  7. Јужен Судан
  8. Брег на Слонова Коска
  9. Мали
  10. Чад

Многу од овие земји се растрганти од војни, имаат ограничен пристап до чиста вода и здравстцени установи или се погодени од природни катастрофи. Ова е голем предизвик за земјите затоа што се соочуваат и други поголеми проблеми како неинвестирање во здрваството. Во некои од нив само 1% од БДП се троши на здравството, додека национална препорака е да се издвојуваат барем 5% од јавните ресурси.

Топ 10 земји со најмала смртност кај новороденчињата:

- Advertisement -
  1. Јапонија
  2. Исланд
  3. Сингапур
  4. Финска
  5. Словенија
  6. Естонија
  7. Кипар
  8. Јужна Кореја
  9. Норвешка
  10. Луксембург

Според извештајот, овие земји имаат толку мала смртност затоа што со години се грижат за квалитетот на живтотот на новороденчињата и на мајките. Тие ги решиле проблемите со мајчинството во адолесценцијата и имаат квалитетни здравствени услуги со бабици.

Извештајот на УНИЦЕФ посочува дека стапката на смртност е тесно врзана со приходите на населението. Во просек, земјтие каде што луѓето имаат големи примањаимаат стапка на смртност од 1 наспрема 333, додека земјите каде што платите се ниски смртноста изнесува 1 наспрема 37.

Сподели!
- Advertisement -