Зошто мултитаскингот не функционира и со кој метод да го замените за да бидете ефикасни?

- Advertisement -

Секој сака да си ги заврши работните задачи што е можно побргу поради што често пати се обидуваме да завршиме неколку работи истовремено. Мултитаскингот за жал, секогаш ве ограничува на мал број нешта. Не можете да се посветите на значаен телефонски повик додека го пишувате поеднакво значајниот извештај, бидејќи и двете работи бараат фокус. Луѓето обично се префрлаат од една значајна задача на друга задача константно, но ниту ова функционира.

Дали ви се има случено да се задржите на еден телефонски повик повеќе од очекуваното, а истовремено пишувате меилови, па соговорникот ве прашува „Што мислите за ова?“, а вие воопшто не сте го слушале бидејќи сте премногу зафатени со пишување на важни меилови? Токму за ова зборуваме.

- Advertisement -

Човечкиот мозок е способен да се фокусира само на една значајна задача во моментот и ваквите функции обично целосно ги оптoваруваат нашите ментални способности. Кога го префрламе нашиот фокус од едно на друго нешто, промената го пореметува текот на мислите во сосема друга насока. На мозокот му треба малку време за да се адаптира на новата функција, па постојано префрлање станува збунувачко после некое време и го компромитира квалитетот на нашата работа.

Концептот е многу сличен како кај објективот на една камера. Ниту најдобрите објективи за камера на пазарот не можат да се фокусираат веднаш откако ќе се поместат од една позиција во друга. Доколку се поместувате од една во друга позиција постојано, ќе го компромитирате квалитетот на фотографијата. Најдобрата стратегија во овој случај е да ги направите сите фотографии што сте ги замислиле од таа позиција, па потоа да се преместите во друга.

- Advertisement -

Едноставна стратегија, ефективни резултати

- Advertisement -

Експертите препорачуваат целосно да се фокусирате на една задача пред да се префрлите на друга. Уште во 1918 година, успешниот бизнисмен и консултант за продуктивност, Ајви Ли, го претставил својот модел за зголемување на продуктивноста. Тој замолил неколку директори да ги следат следниве чекори:

  1. Направете список од шест значајни задачи за утре, на крајот на овој ден.
  2. Подредете ги задачите според приоритет.
  3. Следниот ден започнете со целосен фокус на првата задача.
  4. Работете додека првата задача не е завршена.
  5. Завршете ги останатите задачи на истиот начин, а на крајот на денот повторете ја постапката за следниот ден.

Можеби стратегијата со список на шест значајни задачи звучи едноставно, меѓутоа ќе ви помогне да останете фокусирани, побргу да си ги завршувате задачите при тоа подобрувајќи го квалитетот на вашите залагања бидејќи ќе го посветите целото внимание на задачата. Не морате да го изложувате вашиот мозок на брзите префрлања од една задача на друга, а резултатите ќе бидат поголема продуктивност и помалку стрес.

Ќе заклучите дека со оваа стратегија повеќе ќе вложувате во вашите задачи, а ќе се чувствувате и поорганизирано и пофокусирано.

Сподели!
- Advertisement -