Промоција на нови производи од BOBBI BROWN во Anabella

- Advertisement -

Вчера, 22.02 со почеток од 18 часот во парфимеријата Anabella Skopje City Mall, официјално започна промоцијата на новата пудра Skin Long Wear Weightless Foundation SPF 15 од светски признатиот бренд BOBBI BROWN.

На настанот беа присутни новинари, блогери, инфлуенсери и make up артисти, кои секогаш со големо задоволство ги следат и се дел од новитетите и промоциите на парфимериите Anabella.

- Advertisement -

Промоцијата ја водеше Анета Малчева – професионално обучен тренер за козметиката на BOBBI BROWN во Македонија која ја презентираше Skin Long Wear Weightless Foundation SPF 15 пудрата и ги воведе присутните во останатите новитети кои се дел од пролетната колекција на производи за нега и убавина од овој бренд.

- Advertisement -

Промоцијата трае и денес, 23.02, а вратите на парфимеријата Anabella Skopje City Mall се широко отворени за сите посетители кои сакаат да ги пробаат новитетите од BOBBI BROWN, но и подетално да се запознаат со производите кои се дел од новата колекција.

За пудрата Skin Long Wear Weightless Foundation SPF 15

- Advertisement -

Skin Long Wear Weightless Foundation SPF 15 – BOBBI BROWN – Неверојатно мазна и прилагодлива пудра која овозможува 16 часовна долготрајност, удобност и чувство на леснотија во текот на целиот ден.

Со ултра свиленкаста емулзија, совршено балансирана мешавина со состојки за нега и активно контролирање на маснотијата на кожата, надополнета со пигменти за сите нијанси на кожа, Skin Long Wear Weightless Foundation SPF 15 е неверојатно мазна и прилагодлива пудра, во која веднаш ќе се вљубите.

Пигментите се прецизно избалансирани за да го креираат природниот спектар на нијанси за сите тонови на кожата.

Сподели!
- Advertisement -