Македонија падна за две позиции на глобалниот Индекс за просперитет за 2017

- Advertisement -

Од 2006 година па наваму, реномираниот институт Legatum од Лондон ги рангира државите во светот на т.н. Prosperity Index или индекс на благосостојба и просперитет на државите според неколку фактори како економија, бизнис клима, здравство, образование, управување итн.

Ранг листата за тоа како државите се покажале во минатата 2017 година беше презентиран пред одреден период, а Македонија се најде на 56. место со освоени 60,31 поени од вкупно 100. Oва е пад за две позиции во споредба со минатогодишното рангурање. Поените и позицијата на листата се изведени од поените кои државата ги добила за секоја од категориите.

Според поединечните категории, најдобро сме рангирани во категоријата безбедност и сигурност и тоа на 38. место, додека пак најлошо рангирани сме во категоријата општествен капитал и граѓанска вклученост – на 94. место.

- Advertisement -

Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Хрватска која го држи 43. место, додека пак најлошо рангирана е Албанија која е на 75. позиција. Од останатите од регионот, Србија е на 58. место, Бугарија на 51. место, Грција на 49. место и Црна Гора на 65. место.

Прворангирана годинава е Норвешка, додека пак на последното, односно 149. место се наоѓа Јемен.

- Advertisement -

Целосната ранг листа може да ја погледнете на следниов линк.

 

Сподели!
- Advertisement -