Во иднина батериите ќе ги полниме ласерски

- Advertisement -

Напредокот на технологијата ни овозможува информациите да ги пренесуваме безжично и тоа на големо растојание. Но, кога е во прашање полнењето на батериите на нашите уреди, се уште сме врзани за каблите.

Постојат безжични уреди за полнење паметни телефони, но телефонот мора да биде во контакт со тој уред, кој, пак, со кабел е приклучен на електрична енергија. Никола Тесла уште во далечната 1891 година демонстрираше како може безжично да се пренесува електрична енергија, но ние уште го користиме старите добри кабли.

- Advertisement -

Во иднина тоа ќе се промени. Екипа од научници од Универзитетот Вашингтон разви систем за пренос на електрична енергија преку ласер. Поточно, во лабораториски услови покажаа како со ласер може да се наполни батеријата поставена на задната страна од паметен телефон.

На оддалеченост од повеќе од 4 метри ласерот успеа да ја наполни батеријата исто толку брзо како со USB кабел. Екипата од Вашингтон го намести ласерот автоматски за препознава кога паметниот телефон е подготвен за полнење, а тој на ласерот му испраќа сигнал за својата локација.

- Advertisement -

За целиот систем да функционира ласерските зраци не смее да се прекинат, па тимот осмисли и чувари на тие зраци кои се видливи за човечкото око и ако во кој било момент се прекинат, автоматски прекинува и полнењето, пишува Zimo.

Научниците планираат да направат систем кој би можел да ги полни уредите на површина од 100 квадратни метри на оддалеченост од 12 метри. Тоа значи дека во иднина ќе можете да влезете дома, да го оставите паметниот телефон на маса или на шкаф, а ласерот сам ќе го пронајде и веднаш ќе почне да го полни.

- Advertisement -

Иако ласерот не овозможува користење на телефонот додека се полни, барем го решава проблемот со каблите и губењето на полначот.

Сподели!
- Advertisement -