Samsung наскоро ќе ги претстави своите најнови паметни телефони Galaxy S9 и Galaxy S9 Plus, а од пред неколку дена е познато колку ќе чинат
Како што пренесува Klix.ba, Galaxy S9 ќе чини 841 евро, додека пак за моделот S9 Plus ќе треба да издвоите 997 евра. Овие цени најверојатно го вклучуваат и данокот кој изнесува околу 20% во Европа.
Новите уреди Samsung ќе ги претстави на 25. февруари на Mobile World Congress. Од новите модели очекуваме edge-to-edge екран, на задната страна под камерата ќе се наоѓа сензорот за отпечаток од прст, наместо веднаш до камерата како што е случајот со претходниот модел. На задната страна се наоѓаат и две камери од 12 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата, додека пак предната камера е со 8 мегапиксели со автоматски фокус.
Galaxy S9 ќе има екран од 5,8 инчи, a Galaxy S9 Plus со 6,2 инчи и Super AMOLED екран со резолуција од 2.960×1.440 пиксели. Помалиот модел ќе има батерија од 3.000, а поголемиот од 3.500 mAh. Исто така, помалиот модел ќе има 4 GB, додека пак поголемиот 6 GB RAM. Процесорите ќе бидат понапредни, а уредите го задржуваат отворот од 3,5 mm за слушалки.