Visa претстави технологија со која автомобилот ќе ја замени вашата кредитна картичка

- Advertisement -

Плаќањето со мобилен телефон за многу работи кои ги купуваме сега е секојдневие за голем број луѓе, а сега Visa ќе овозможи истото да го правите и со вашиот автомобил. Благодарение на новата технологија на картичарскиот гигант возачите ќе можат да платат за се  – од паркинг место до гориво директно од својот автомобил, без да излегуваат надвор.

Конектираните автомобили на контролната табла ќе покажуваат која сума е потрошена, а со притискање на копче возачите ќе можат да ја потврдат наплатата. Возилата автоматски ќе се конектираат со жиро сметката на сопственикот и ќе вршат плаќање без возачите да мора да влезат во ресторан за да купат храна или да излезат да стават гориво, пишува Daily Mail.

- Advertisement -

Visa претстави автомобил „бентли“ опремен со новата технологија на Mobile World Congress во Барселона. Од компанијата велат дека соработуваат со некои од најголемите производители на автомобили на развојот на новиот систем. Со помош на платформата за безбедни мобилни трансакции Visa Token Service оваа нова услуга во иднина ќе ја има во многу нови автомобили.

Досега Visa има склучено партнерство со Honda и со Вentley на овој проект, но се надеваат дека во иднина ќе соработуваат со многу автомобилски компании. Од Visa прогнозираат дека до 2020 година ќе има околу 250 милиони конкетирани автмобили во светот. Како резултат на тоа луѓето ќе вршат многу секојдневни обврски од удобноста на сопствениот автомобил.

Сподели!
- Advertisement -