BMW го претвора вашиот смартфон во клуч за автомобил… и не запира таму

- Advertisement -
Во последниве години присуството на производители на автомобили на мобилните конгреси се зголемува. Ги видовме на CES минатиот месец, ги гледаме на Светскиот мобилен конгрес кој моментално се одржува во Барселона. Еден од најактивните учесници е BMW. Компанијата повторно покажа технологија, за која мисли дека ќе го промени светот на автомобилите и ќе ја освои иднината.
Највпечатлива работа што BMW ја покажа оваа година е автономниот BMW i3, кој можете да го повикате со мобилна апликација, инсталирана на вашиот паметен телефон. Кога ќе пристигне автомобилот, за вас останува да седнете на задното седиште и да ги користите системите за забава, бидејќи самиот автомобил ќе ве однесе до посакуваната дестинација. Го нагласуваме зборот „сам“, бидејќи дури и за време на демонстрациите на новата технологија немаше никој на возачкото седиште. Апликацијата исто така ви овозможува да ги контролирате светлата, механизмот за заклучување на вратата и … сирената. Откако ќе стигнете до посакуваната локација, ќе се симнете од автомобилот и ќе го „испратите“ за да си најде паркинг простор.
Се разбира, ќе треба неколку години за оваа технологија да влезе во нашиот живот и да стане достапна за пошироката јавност. Пред тоа BMW ќе воведе друга функција – BMW дигитален клуч. Со него ќе можете да го отклучите/заклучите и да го стартувате моторот на вашиот автомобил од далечина. Интересно е дека вие ќе можете да ги споделите правата на вашето возило со до пет други корисници на апликацијата. Оваа опција ќе биде достапна во јули оваа година, но само за корисниците на паметни телефони Samsung.
BMW го искористи Светскиот мобилен конгрес 2018 како можност да објави дека следните модели на компанијата ќе имаат втора eСИM, која може да се поврзе со актуелниот договор со мобилниот оператор на корисникот и да ја користи истата мобилна мрежа. Така, автомобилите ќе можат директно да ги прифатат повиците и да ја користат мрежата за да се поврзат на Интернет.
(МИА)
Сподели!
- Advertisement -