Овој телефон ја има најдобрата камера во светот

- Advertisement -

Samsung минатата недела претстави два нови модели на паметни телефони од серијата Galaxy S, кои иако не носат некоја револуција во поглед на претходните модели, сигурно ќе конкурираат за најдобар телефон на годината. На двата модели на Samsung посебно внимание е посветено на камерите и на квалитетот на фотографиите и видеата, пренесува Zimo.

Дека компанијата заврши одлична работа со телефоните потврдуваат и тестовите за квалитет на камера на страницата DxOMark. Според претходни тестирања, Google Pixel 2 имаше најдобра камера во светот со 98 бода од вкупно 100, но неделава дојде до промена на врвот и Samsung Galaxy S9 Plus го смина од тронот.

- Advertisement -

Овој модел од задната страна има две камери со резолуција од 12 MP, а посебно е интересен поради промената на отворот на блендата. Во услови на послабо осветлување користи f/1.5 отвор за камерата да искористи што повеќе светло, додека отворот на блендата од f/2.4 се користи за фотографии со оптимизирани детали и острина. Од останатите интересни опции треба да се издвои двојниот оптички зум на секундарната камера, оптичката сатбилизација, а вкупниот број бодови кои ги освои Samsung Galaxy S9 Plus за квалитетот на камерата е 99.

 

Сподели!
- Advertisement -