Шведска компанија отпушти 700 вработени и сега користи вештачка интелигенција

- Advertisement -

Во интервју на крајот на минатата година извршниот директор на шведската финтек компанија Klarna, Себастијан Симатковски рече дека повеќе нема да вработува нови работници затоа што повеќе внимание ќе обрнува на вештачката интелигенција.

Klarna пред две години отпушти 700 вработени, а иако сега не се најавени нови отпуштања, изгледа дека тоа е само прашање на време со оглед на најавите за замзрнување на вработувањето и намалување на компанијата со тек на време, како и поради задоволството од резултатите на AI.

- Advertisement -

Како што објвија на официјалниот блог, асистентите со вештачка интелигенција вршат работа еднаква на работата која ја вршат 700 агенти во служба за корисниците. Во текот на последниот месец AI асистентот на Klarnа бил вклучен во околу 2,3 милиони конверзации со корисниците, а интересно е дека четботот се покажал попрецизен во решавањето на задачите и дека со неговото користење се намалил бројот на повторени прашања за дури 25%.

Со разговорот со вештачка интелигенција корисниците својот проблем го решаваат за помалку од 2 минути, додека претходно тој просек изнесувал дури 11 минути. Исто така, кога е во прашање задоволсвото на корисниците, AI агентот се покажал еднакво добар како луѓето. Со ова треба да се придонесе за AI да се достана 24 часа и да може да комуницира со корисниците на повеќе од 35 јазици.

- Advertisement -

Благодарение на оваа технологија, меѓу другото, од компанијата предвидуваат подобрување на профитот од 40 милиони долари за годинава.

(Business Insider)

- Advertisement -

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -