Apple до крајот на годината ќе претстави поевтина верзија на MacBook Air

- Advertisement -

Apple во минатите години многу не го надоградуваше својот популарен лаптоп MacBook Air, но американскиот технолошки гигант до крајот на 2018 година ќе претстави нова и поевтина верзија на овој компјутер, пишува N1.

Поевтиниот 13-инчен лаптоп ќе биде лансиран на пазарот во вториот квартал на 2018 година. Се прогнозира дека попристапната цена ќе ги зголеми продажбите на лаптопот на Apple.

- Advertisement -

MacBook Air пред две години доби надградување на процесорот со верзијата на Intel од 1.8 GHz и оваа верзија моментално чини 999 долари. Спецификациите на најавениот поевтин MacBook Air уште не се познати, а ниту неговата цена.

Покрај новиот лаптоп, Apple оваа година планира да ги освежи своите AirPod и HomePod уреди, а наводно се подготвуваат и да лансираат две нови верзии на iPad.

- Advertisement -

Претставувањето на новиот модел на MacBook Air најверојатно ќе се случи на годишниот настан на Apple подоцна годинава.

Сподели!
- Advertisement -