АНАЛИЗА: Што ново ни донесе Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона?

- Advertisement -

Светскиот конгрес за мобилна технологија (Mobile World Congress) во Барселона годинава се одржа од 26 февруари до 1 март под називот „Создаваме подобра иднина“ („Creating a better future“). На конгресот главниот акцент беше ставен на неколку „жешки“ теми

Првата беше 5G мрежите и можностите кои се отвораат со неа, потоа, се разбира, вештачката интелигенција и новитетите на полето на мобилните телефони, а примарно новитетите на корејскиот гигант Samsung. Иако со оглед на шпекулациите дека им се ближи крајот на паметните телефони, се очекуваше да се навести што е она што не очекува после телефоните, сепак, беа претставени повеќе нови модели на паметни телефони кои по ништо не се необични, како и многу копии на познати марки.

Huawei не го претстави својот нов телефон P20, чие претставување е закажано за 27 март во Париз. Слоганот за овој телефон е „See Mooore (sic) with AI”, а тројното „О“ асоцира на можноста телефонот да има дури три камери. Што се однесува на вештачката интелигенција, се чинеше дека таму преовладува битката меѓу дигиталните лични асистенти Google Assistant и Amazon Alexa, кои беа насекаде присутни на MWC.

- Advertisement -

Google ја претставуваше својата технологија на делот наречен Android Works и централното место го зазеде вештачката интелигенција и Google Assistant, а не оперативниот систем. Имаше демо на производи за дома кои работат со асистент вклучувајќи безбедносни камери, греење, осветлување и аудио, како и кратко демо за тоа како изгледа животот во кој гланвата улога ја има Google – од моментот кога Android ги вклучува светлата до автоматско заклучување на вратата кога ќе излезете надвор.

Вистина е дека 5G ќе смени се

Samsung на MWC даде некои примери како новата мрежа ќе ни го смени животот. На пример, еден филм со големина од 15GB ќе може да се симне за само 6 секунди, на воз што се движи со брзина од 100 км/час ќе има Интернет со брзина од 1,7Gbps, а доцнењето ќе биде само 1 милисекунда, што значи дека еден автономен автомобил ќе добива информации толку брзо што ќе може да застане навреме пред да се судри во друг автомобил.

- Advertisement -

[quote font_size=”22″ font_style=”italic” color=”#f70000″]Еден филм со големина од 15GB ќе може да се симне за само 6 секунди, на воз што се движи со брзина од 100 км/час ќе има Интернет со брзина од 1.7Gbps[/quote]

5G мрежи најавија повеќе компании во Барселона. T-Mobile, на пример, годинава ќе почне да ја гради својата 5G мрежа и планира да ја има во 30 градови до крајот на 2018 година. Првите четири градови во кои ќе ја постави инфраструктурата за 5G мрежата се Њујорк, Лос Анџелес, Далас и Лас Вегас. Од T-Mobile се пофалија дека нивните конкуренти ни одблиску немаат толку планирани локации за 5G.бT-Mobile има за цел да ги надмине своите конкуренти како AT&T, кои уште минатата недела изјавија дека годинава ќе пуштат 5G во три градови: Далас, Атланта и Вако. Од Verizon уште немаат најавено каде ќе почнат со поставување на 5G мрежата, но се знае дека за почеток ќе биде во 5 градови.

- Advertisement -

Групација од компании предводени од американскиот авиопревозник Delta, американскиот оператор Sprint и Gogo под името Seamless Air Alliance на конгресот во Барселона најавија дека сакаат да го револуционизираат конектирањето на Интернет за време на летовите. Нивните амбициозни планови вклучуваат 5G или широкопојасен Интернет на небото, полесно поврзување при влегување во авион и многу повеќе од тоа. Seamless Air Alliance не предлага некое радикално решение за да се опремат авионите со побрз Интернет, туку користење на сателити за побрза конекција во авион. Сателитската компанија OneWeb исто така е член на групацијата. Освен тоа, од групацијата сакаат да се исфрли потребата да се внесуваат податоци од кредитна картичка или потврда на идентитетот при конектирање на Интернет од авион.

[quote font_size=”22″ font_style=”italic” color=”#ff0000″]Huawei го најави првиот чип за 5G во светот[/quote]

На истата тема многу битна новина имаше и компанијата Huawei, која го најави својот прв чип за 5G на Mobile World Congress во Барселона, кој ќе им овозможи на уредите на компанијата да ги користат мобилните мрежи од идната генерација 5G. Од компанијата тврдат дека чипот Huawei Balong 5G01 е првиот во светот кој може да го поддржува новиот 3GPP стандард за 5G мрежите и треба да овозможи симнување содржини со брзина од 2,3Gbps. Со оглед на големината на чипот, веројатно многу набрзо ќе се најде на мобилни hotspot, а не во телефони.

Извршниот директор на Huawei, Ричард Ју, вели дека неговата компанија има инвестирано 600 милиони долари во мрежна технологија, која најверојатно ќе се користи насекаде – од беспилотни автомобили до мобилни уреди и паметни домови. Huawei, исто така, произведува и мрежна опрема и тврдат дека ќе бидат првата компанија која ќе понуди 5G решение од краен до краен корисник.

Македонски Телеком на конгресот претстави свој прототип на паметни маски за заштита од загадувањето

И ние имавме претставник во Барселона. Нашиот Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком групацијата, која е водечки европски телеком оператор, на конгресот настапи со свој прототип на паметни маски за заштита од загадувањето. Маските треба да се најдат во продажба од ноември или декември годинава. Ова е сосема нов производ кој е идејно решение на Македонски Телеком, а е во рамките на програмата Fashion Fusion на Дојче Телеком.

Во последните години има многу повеќе автомобилски компании на конгресите за мобилна технологија. Ги видовме на CES минатиот месец, а ги имаше и на MWC во Барселона. Еден од најактивните учесници беше BMW. Компанијата повторно покажа револуционерна технологија, за која тврди дека ќе го смени од корен светот на автомобилите и ќе ја освои иднината.

Како највпечатлива новина од BMW којашто би ја издвоиле е автономниот BMW i3, кој можете да го повикате со мобилна апликација за вашиот паметен телефон. Кога ќе пристигне автомобилот, вие едноставно седнувате на задното седиште и се забавувате затоа што автомобилот сам ќе ве однесе каде и да посакате. Акцентот е на „сам“ бидејќи дури и за време на демонстрациите на новата технологија немаше никој на возачкото седиште. Апликацијата ви овозможува да ги контролирате и светлата, заклучувањето на вратата и свирката.

BMW ќе воведе и друга функција – BMW дигитален клуч. Со оваа опција ќе можете да го отклучите, да го заклучите или да го стартувате автомобилот од далечина. Притоа, правата на возилото ќе можете да ги споделите со максимум пет други корисници на апликацијата. Опцијата ќе биде достапна од јули годинава само за корисниците на  телефони на Samsung.

[quote font_size=”22″ font_style=”italic” color=”#ff0000″]Со новата технологија на картичарскиот гигант Visa автомобилите ќе ги заменат платежните картички[/quote]

Плаќањето со мобилен телефон за многу работи кои ги купуваме сега е секојдневие за голем број луѓе, а сега картичарскиот гигант Visa ќе овозможи истото да го правите и со вашиот автомобил. Благодарение на новата технологија автомобилите ќе ги заменат платежните картички и возачите ќе можат да платат за се  – од паркинг место до гориво директно од својот автомобил, без да излегуваат надвор. Конектираните автомобили на контролната табла ќе покажуваат која сума е потрошена, а со притискање на копче возачите ќе можат да ја потврдат наплатата. Возилата автоматски ќе се конектираат со жиро сметката на сопственикот и ќе вршат плаќање без возачите да мора да влезат во ресторан за да купат храна или да излезат да стават гориво.

Што се однесува на мобилниот дел од конгресот и таму имаме да издвоиме неколку моменти кои оставија најголем впечаток. На прво место се новитетите од Samsung. Samsung ги претстави новите Galaxy S9 и S9 Plus телефони во Барселона. Samsung Galaxy S9 е основната верзија на новите супер телефони и има eкран од 5,8 инчи. Ќе работи на најновиот оперативен систем Android Oreo и кај него фокусот главно е ставен на новата камера која е дизајнирана да прави одлични фотографии при слаба или лоша светлина. Сензорот за отпечатоци кај овој телефон е поместен под камерата. Годинава поголемото навистина е поубаво. Samsung Galaxy S9 Plus има поголем екран од 6,2 инчи и поголема батерија, но има и двојна задна камера која ја нема на помалиот S9. Се разбира, оваа подобра верзија на најновите телефони на Samsung ќе биде и поскапа.

Се сеќавате ли на Киану Ривс во улогата на Нео во легендарниот научно-фантастичен филм The Matrix? Сега компанијата HMD, која произведува брендирани телефони на Nokia, го оживува Nokia 8110 како рeтро класика. Исто како што Nokia 3310 беше изненадување на Mobile World Congress минатата година, годинава тоа е моделот 8110. Малку закривениот телефон има лизгачки дел кој ви овозможува да се јавите на телефон или да исклучите, а HMD ќе прави традиционални жолта и црна верзија.

Nokia 8110 работи на Smart Feature OS, што значи дека ова е телефон со основните опции и нема да можете да користите апликации за Android како на други смартфони на Nokia. Сепак, HMD креира продавница за апликации за телефонот, меѓу кои и апликација за Facebook, па некои трети страни можат да креираат и сопствени апликации за телефонот.

За разлика од моделот 3310, 8110 ќе се продава низ цела Европа со поддршка за LTE мрежа и со опција за двојна SIM. Ќе можете да ја играте и фамозната игра „Змија“ и ќе добиете импресивни 25 дена живот на батеријата кога не се користи толку.

Една од најголемите новини на годинашниот Саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас беше прототип телефонот на компанијата Vivo, прв во светот со скенер за отпечатоци поставен во дисплејот. Сега компанијата Vivo претстави нов концепт на Mobile World Congress во Барселона кој е наредна еволуција на таа идеја. Концепт телефонот се вика Apex и најбитна особина кај телефонот е технологијата за скенирање отпечатоци поставена во половина екран. Идејата е наместо да го ставите прстот на малечка икона на екранот за да го отклучите телефонот, да имате поголем простор на екранот. Кај Apex може да го скенирате отпечатокот на кој било дел од една третина од екранот. Можете истовремено да наместите скенирање на отпечатоци од повеќе прсти за поголема безбедност или двајца да можат да го отклучуваат истиот телефон.

Vivo сака целосно да ја исфрли рамката на предниот дел од телефонот каде што стои звучникот и селфи камерата, па за таа цел има две иновативни решенија. Селфи камерата е сокриена во телефонот и се подигнува како перископ по потреба , а подготвена е за фотографирање за само 0,8 секунди.  Звучникот, пак, е заменет со пизоелектричен дизајн, односно слично на технологија за проводливост на коски. Целиот екран вибрира како звучник за да можете да разговарате на телефон и да слушате кога ѕвони. Apex засега е само концепт и од Vivo велат дека немаат планови да направат вистински производ, но ништо од тоа што го има овој концепт телефон не е невозможно или неизводливо.

По се изгледа, имаме возбудлива година пред нас доколку компаниите навистина успеат да го реализираат оланираното и ветеното. Доколку изминатите години наголемо се зборуваше за 5G и интеграцијата на AI во сите домени од нашиот живот, 2018 година е преломна година за овие нови технологии. Но, да почекаме и да видиме во кој правец ќе се смени нашиот живот оваа година!

 

Сподели!
- Advertisement -