Кинеската вселенска агенција CASIC годинава ќе ги лансира првите од цела низа сателите, кои во иднина на сите ќе им нудат супербрз Интернет каде и да се наоѓаат. Минатиот месец компанијата SpaceX во сопственост на Илон Маск лансираше неколку сателити со коишто планира нов вид глобален Интернет, пренесува tportal.hr.
Гледајќи го потенцијалот на овој план кинеската компанија China Aerospace Science and Industry Corp (CASIC) кон крајот на годинава планира да лансира и свои пробни Интернет сателити. Претседателот на Втората академија на CASIC, Жанг Жонгјанг, неодамна најави дека првите сателити ќе лебдат во ниската орбита до 1.000 км, каде што ќе се обидат да остварат пренос од 500 мегабити во секунда. Со ова агенцијата планира да го подготви теренот за останатите 156 сателити, кои планира да ги лансира во рамките на проектот Hongyun.