Електричните камиони на Илон Маск тргнаа на пат со првите пратки

- Advertisement -

Tesla Semi ќе тргнат на првото патување. Илон Маск сподели фотографија од два паркирани електрични камиони на паркингот на гига фабриката во Невада, подготвени да ги достават првите пратки. Црниот и сребрениот камион во приколките ќе носат батерии до фабриката на компанијата во Калифорнија, пишува DailyMail.

Оваа фотографија доаѓа неколку дена откако прототипот на Semi беше забележан на улиците на заливскиот дел од Сан Франциско. San Francisco Bay Area. Тоа што камионите сега почнуваат да вршат достава значи дека се ближи моментот кога ќе се најдат и во продажба.

- Advertisement -

„Првот патување на електричните камиони Tesla Semi, товарени со батерии од гига фабриката во Невада кои треба да ги пренесат до фабриката за автомобили во Калифорнија“ напиша Маск покрај фотографиите.

Tesla Semi може да помине околу 800 километри со едно полнење на батеријата додека се движи по автопат носејќи товар од околу 36 тони. Дизел автомобилите, колку за споредба, можат да поминат 1.600 километри со полн резервоар. Електричниот камион може да достигне брзина од 96 км/ч за само 5 секунди ако не е товарен, а за 20 секунди доколку е максимално товарен.

- Advertisement -

Маск ги претстави електричните камиони во ноември минатата година. Се очекува да почнат да се продаваат идната година, но веќе има неколку големи нарачки од гиганти од типот на PepsiCo, UPS и Anheuser-Busch.

 

Сподели!
- Advertisement -