Паметна долна облека за мажи што го блокира зрачењето од телефоните

- Advertisement -

Многупати слушаме дека зрачењето од паметните телефони кои ги користиме секојдневно може да биде доста штетно по нашета здравје. За таа цел, овие боксерки за мажи наречени Spartan ги штитат репродуктивните органи од штетното зрачење.

Боксерките имаат способност да блокираат дури 99% од зрачењето, а при тоа доаѓаат со модерен и минималистички дизајн, изработени од антибактериски материјал.

- Advertisement -

Се работи за материјал со WaveTech технологија дизајнирана специјално за блокирање на зрачење од дигиталните уреди. Ваквиот материјал во комбинација со влакна од чисто сребро вметнати во пакумот на боксерките, делуваат како Фарадеев кафез.

- Advertisement -

Технологија била тестирана и сертифицирана во MET Лабораторијата во Балтимор, САД и се работи за истата технологија со која се изработени и вселенските костими на астронаутите кои исто така ја спречуваат радијацијата односно зрачењето на кое се изложени во вселената. Инаку, дизајнот на боксерките е направен во Париз.

Повеќе за боксерките и како се вршат нарачките, може да се прочита на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -