Во Автокоманда поставена еко зоната на „Нула отпад“

- Advertisement -

Во населбата Автокоманда во општина Гази Баба е поставена еко зоната на „Нула отпад“.

„Здравјето, односно здравата животна средина во која живееме сега ние, а во иднина и нашите поколенија е од суштинско значење. Со брзиот развој на технологијата доаѓа и до големи количини на електричен и електронски отпад кој иако навидум изгледа дека не би ја загадувал околината во која живееме, воопшто не е така.“, изјави градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски.

Рече дека токму со неговото несоодветно исфрлање и уништување доаѓа до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, а со тоа и загрозување на животната средина во која живееме.

- Advertisement -

Додаде дека со цел подигнување на свеста за оваа опасност, компанијата „Нула отпад“ организира разни акции со цел информирање на граѓаните за опасноста од електронскиот отпад, како и насочување на истите, како и каде би можеле да се ослободат од него.

Ги повика жителите на општина Гази Баба да се приклучат кон оваа акција, да го пријават електричниот и електронскиот отпад, но, и да се ослободат од малите неисправни уреди – батериите, фрлајќи ги во наменските садови поставени во Автокоманда.

- Advertisement -

Габаритниот електронски отпад може да се пријави на 070-236-000, а екипите на Нула Отпад организираат директно собирање на отпадот од домовите на граѓаните.

Сподели!
- Advertisement -