Еве како Илон Маск гo замислува градскиот превоз во иднина

- Advertisement -

Милијардерот Илон Маск на социјалната мрежа Twitter ја претстави својата последна идеја за градскиот превоз од иднината. Според таа идеја, ќе постојат подземни тунели кои го решаваат проблемот со сообраќајниот метеж и го забрзуваат превозот и носат, како што вели Маск, револуција во градскиот сообраќај.

Мини автобусите на Маск за превоз на пешаци се разликуваат од актуелните автобуси по тоа што не се движат по улици туку „исчезнуваат“ во тунелите под земја во рамките на патничката мрежа од иднината, пренесува Bizlife. Автомобилите, пак, застануваат на посебни носачи кои како што „изникнуваат“ од под земја исто така се враќаат назад.

Сподели!
- Advertisement -