Основачот на Google, Лери Пејџ, го откри своето летачко такси Cora. Cora ќе почне да лета во 2021 година и ќе биде Uber на небото
Летачкото такси го направи компанијата Kitty Hawk со финансии од Лери Пејџ. Возилото е дизајнирано да користи софтвер за беспилотно летање, кој ги покренува 12-те пропелери на леталото и полетува и слетува од место, без потреба за писта, пишува DailyMail.
Кога ќе се најде во воздух, еден пропелер ја движи Cora напред низ воздухот со максимална брзина од 180 км/ч на висина од 150 до 910 метри. Владата на Нов Зеланд официјално објави дека има договор со Google за тестирање на леталото во земјата.
Cora го носи името по град во Северна Каролина каде што браќата Рајт го направиле првиот контролиран лет во светот. Од компанијата креатор истакнаа дека возилото нема да се тестира во САД затоа што некои американски регулативи не го дозволувале тоа.
Cora може да помине максимум 100 км и во неа може да седнат двајца патници. Должината на крилата изнесува 11 метри. Cora има три компјутери кои управуваат со летањето и работат независно еден од друг, што значи дека ако едниот престане со работа, другите два ќе продолжат. Леталото има и посебен падобран за слетување во итни случаеви.