Со новите Самсунг Галакси С9 и С9+ до подобра и супер забавна модерна комуникација со супер бавно “slow-mo” видео, најдобра камера за снимање при слаба осветленост, пиктографи за изменета реалност за поперсонализиран начин на изразување
По официјалното претставување на новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и С9+ (S9+) паметни телефони во Македонија, компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес го најави почетокот на продажба на овие уреди. Сите кои сакаат да купат од овие неверојатни уреди, ќе може да одберат телефон во следните бои: Полноќно Црна, Корално Сина, како и во новата нијанса – Пурпурно Виолетова. Започнувајќи од денес, Самсунг Галакси С9 и С9+ ќе бидат достапни за корисниците во салоните на продажните партнери на Самсунг – Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун, по препорачана продажна цена од 50.999 денари за Самсунг Галакси С9, односно 56.999 денари за Самсунг Галакси С9+.
Новите паметни телефони на Самсунг пристигнуваат со низа новитети и подобрувања: неверојатна камера за снимање при слаба осветленост со двојна бленда на објективот, супер бавен “slow-mo“ видео запис и пиктографи (AR emoji) за изменета реалност за поперсонализиран начин на изразување. Самсунг Галакси С9 и С9+ неодамна беа за прв пат претставени во рамки на Светскот Конгрес за Мобилна Технологија 2018 во Барселона, каде освоија 30 награди, вклучувајќи ја и најзначајната награда во рамки на годишните Глобални Награди за Мобилна Технологија (Global Mobile Awards – GLOMO Awards) – “Најдобар Нов Уред за Поврзување“ (“Best New Connected Device”). Оваа награда беше доделена на новиот Самсунг Галакси С9+ како признание за неговиот префинет дизајн, напредна камера и извонредни перформанси.
Напредната камера со двојна бленда на Самсунг има обектив кој функционира слично како ирисот на човечкото око и автоматски може да се менува согласно различните услови на осветлување. На овој начин, вашитефотографии ќе изгледаат одлично, без разлика дали се фотографирани во услови на поголема светлина или при слабо осветлување, преку ден или навечер. Двојната бленда поддржува “F1.5“ и “F2.4“ режим. Кога е темно, објективот се отвора до “F1.5” за да пропушти повеќе светлина за јасни и чисти фотографии, додека на дневна светлина објективот автоматски се префрла во режим “F2.4“ овозможувајќи фотографијата да ја задржи својата острина. Исто така, новите Самсунг Галакси С9 и С9+ имаат напредна камера со “Super Speed Dual Pixel“ сензор со зголемена сила за обработка и меморија за висок квалитет на фотографии. Благодарение на овој сензор, камерата може да ги долови сите детали четири пати побрзо, и тоа поголем број од нив. Со опцијата “Super Slow-Mo“ за креирање видео записи, секој корисник може да ги зачува секојдневните незаборавни мигови со помош на динамични и успорени видео записи кои снимаат до 960 слики во секунда. Благодарение на оваа напредна камера, вашите фотографии ќе бидат беспрекорни, а преку видеата снимани со Галакси С9 и С9+ ќе имате можност да ги погледнете и најмалите детали и движења од вашето опкружување!
Новите Галакси С9 и С9+ поседуваат автоматски детектор за движење, интелигентна карактеристика која детектира движење и автоматски почнува да снима се, претворајќи приближно 0,2 секунди реални случувања во околу 6 секунди снимка. По снимањето со “Super Slow-Mo” функцијата, својот видео запис можете да го збогатите со музика која ќе се слуша во позадина на видеото. Исто така, на едноставен начин, со помош на допир може да креирате, уредувате и споделувате содржини во .GIF формат.
Самсунг преку своите најнови премиум мобилни уреди сега ви овозможува да креирате “емоџи“ кое изгледа, звучи и се однесува исто како вас. Пиктографите за изменета реалност (AR Emojis) со користење на алгоритам за машинско учење и анализа на 2D фотографија од корисникот, исцртуваат преку 100 фацијални карактеристики за да креираат 3D модел кој рефлектира и имитира експресии како намигнување и потврдување со главата, за вистинска персонализација. Овие пиктографи ги споделуваат чувствата на корисниците од реалниот живот преку видео, но и преку широк спектар на сликички кои користат стандарден AGIF формат за датотеки, овозможувајќи ви да ги споделите вашите пиктографи низ различни други платформи за разменување на пораки.
За потсетување, Самсунг Галакси С9 има 5,8 инчи “Quad HD+ Curved Super AMOLED“ екран, а екранот на Самсунг Галакси С9+ е со иста резолуција, со поголема дијагонала од 6,2 инчи, исто така со сооднос 18:5:9. Бесконечниот “Super AMOLED“ екран се вклопува во телефонот речиси директно во телефонот без рабови кои попречуваат. Со адаптивното подобрување на контрастот, корисниците можат да го користат нивниот уред дури и на директна сончева светлина.
Адути кои заслужуваат внимание се и Бигзби (Bixby) – интелигентна платформа интегрирана во камера, јасниот, чист и квалитетен звук благодарение на АКГ (AKG) звучниците поддржани од Долби Атмос (Dolby Atmos©) со ефект на звукот од 360 степени. Галакси С9 и С9+ се први паметни телефони кои ја поддржуваат новата “SmartThings“ апликација и може да се поврзат со други Самсунг уреди, а новата генерација Самсунг ДеХ (Samsung DeX) е идеална за сите оние кои се константно во движење. Уредите поддржуваат проширување на меморијата до 400 GB со Микро СД (MicroSD) картичка и се опремени со најновите премиум апликациски процесори кои овозможуваат моќен перформанс и софистицирана обработка на сликата.
И двата најнови уреди од портфолиото на Самсунг – Галакси С9 и С9+ се заштитени со “Knox 3.1“ – најновата, најсовремена надградба на безбедносната одбранбена платформа на Самсунг и имаат три различни можности за биометриска проверка на автентичноста – со скенирање на окото, отисокот од прстот, како и препознавање на лицето.
Од денес, ултра-модерната комуникација со помош на новите Самсунг Галакси С9 и С9+ е на само чекор од вас! Посетете ги салоните на продажните партнери на Самсунг – Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун и одберете го вашиот Самсунг Галакси С9 или С9+ во неверојатни нијанси: Полноќно Црна, Корално Сина и Пурпурно Виолетова и станете дел од големата Самсунг Галаксија на корисници кои уживаат во секој детал од нивното секојдневие.
За повеќе информации за Галакси С9 и С9+, посетете ги следните линкови: http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy.