Новите претприемачи често пати знаат да се впуштат длабоко во лавиринтот на бизнисот обидувајќи се да остварат некоја голема цел, нешто што може да го однесе нивниот бизнис во погрешна насока. За многу од нив, најголемата грижа на почетокот се парите поради што постојано ќе прават обиди да остварат профит. Но истовремено, клучно е да останат фокусирани на основите наместо нешто друго да им го одвлекува вниманието.
Овие три прашања кои треба да си поставите кога започнуте бизнис, ќе ви помогнат да оцените колку вашата бизнис идеја е вредна за пазарот кој го таргетирате.
1. Како да му овозможиме на клиентот уникатен производ/услуга?
Единствениот начин како да обезбедите голема предност пред конкуренцијата на пазарот, е да имате оригинален продажен предлог кој ќе носи неколку пати поголема вредност отколку било кој друг бизнис на пазарот.
Многумина се обидуваат да го надокнадат овој сегмент со тоа што ќе понудат палета од производи кои првично не биле дел од бизнис планот, но ова ретко кога успева да се одрази позитивно на профитот.
Доколку сакате да изградите одржлив бизнис, мора да се фокусирате на едно нешто и да го спроведувате тоа одлично. За почеток, потрудете се да обезбедите квалитет на производот или услугата кој не може да се најде кај останатите вакви производи на пазарот и оваа стратегија ќе ви биде непобедлива на долг план. Не очекувајте дека започнете со силен бизнис, силните бизниси се градат со години.
2. Како да го понудиме овој производ/услуга поекономично?
Прво, ова не значи да остварите профит кој ќе биде поголем од оној на конкуренцијата, туку да потрудите да му понудите на клиентот добра зделка.
Многу компании ова го прават преку истражување и развој – бараат нови технологии и начини на намалување на трошоците без да влијаат на квалитетот. Но што доколку сте млад бизнис и немате пари да инвестирате во истражувања? Без грижи, постојат и други начини како да ги намалите трошоците. Направете листа со насоки според кои вработените треба да се водат кога преговараат со клиентите што ќе ја направи нивната работа ефикасна.
3. Како да го направиме производот/услугата подостапен на пазарот?
Не мора да измислувате нешто револуционерно што ќе ја промени индустријата. Треба само да детектирате што е она што им е потребно на клиентите и да ја потполните оваа празнина – ова е клучното во градење успешен бизнис.
Секој може да започне бизнис, но доколку сакате да изградите успешен бизнис, треба критички да го разгледате вашиот бизнис модел уште пред да започнете. Пред да бидете сигурни дека ќе го почнете бизнисот, обидете се да одговорите на овие три прашања.