#ИновативностЧита: Почни со зошто – како инспирираат големите лидери од Сајмон Сајнек

- Advertisement -

Оваа недела како дел од рубриката #ИновативностЧита, книгата која ви ја предложуваме е Почни со зошто – како инспирираат големите лидери од познатиот мотивациски говорник Сајмон Сајнек. Книгата која произлезе од истоимениот TED Talk кој тој го одржа, бргу се најде на светските бестселер листи.

„Луѓето не го купуваат она што го произведувате, луѓето ја купуваат причината зошто го произведувате токму тоа.“, кажа Сајмон Сајнек кога го одржа познатиот TED Talk на тема лидерство, маркетинг и како да ги инспирирате луѓето повеќе да го купуваат она што вие го продавате, без разлика дали е производ или услуга.

- Advertisement -

Ова е книга наменета посебно за сопствениците на бизнис и претприемачите. Сајнек преку книгава ви ги открива тајните на тоа како големите корпорации како Apple успеваат од година во година да имаат сѐ повеќе и повеќе продажби.

Освен што еден од предметите во книгата е концептот на продажба на Apple кој е воспоставен од иновативниот Стив Џобс, Сајнек анализира и некои останати лидери кои иако не доаѓаат од бизнис секторот, успеале да остават голема трага благодарение на движењата кои ги започнале и во кои привлекле голем број на луѓе. Еден од овие лидер е и Мартин Лутер Кинг. Можеби ќе се запрашате што е она заедничко што го имаат Мартин Лутер Кинг и Стив Џобс, но Сајнек бргу ќе ви даде одговор на ова прашање: тие почнале со зошто.

- Advertisement -

Доколку го погледнете видеото од TED Talk во кое Сајнек ја поставува основата на книгата, ќе видите дека тој зборува за т.н. златен круг. Златниот круг се состои од три прашања: во центарот започнува со зошто, потоа се проширува кон како и последниот, надворешен дел од кругот го содржи прашањето што. 

Додека сите компании во своите продажни стратегии почнуваат од што односно од производот кој го продаваат и завршуваат со зошто да се купи производот, Apple го прави спротивното. Продажната стратегија на Apple почнува со прашањето зошто. Зошто ги продаваат производите што ги продаваат? Бидејќи веруваат дека ќе го променат статус кво во индустријата и ги прават нештата на поинаков начин. Како го прават тоа? Со прекрасен дизајн на производите кои се лесни за употреба. Што произведуваат и продаваат? Електронски уреди.

- Advertisement -

И многу други компании произведуваат електронски компании, но Apple е дефинитивно лидер во оваа индустрија. Apple ги привлекува своите купувачи со филозофија, а не со производ.

Токму оваа продажна стратегија ја одгатнува Сајмон Сајнек во својата книга и ви дава и останати примери за тоа како да почнете и вие да ја имплементирате во вашиот бизнис. Како што вели тој, многу малку организации и компании всушност имаат филозофија и знаат зошто го прават тоа што го прават. А приказната позади брендот може да биде еден до најсилните „асови во ракавот“ кога се работи за продажба.

Доколку како лидер, претприемач, сопственик на бизнис, успеете да дадете одговор на прашањето „Зошто ја нудите оваа услуга/производ?“ и тоа им го доловите на своите купувачи, тогаш имате загарантирано високи продажби. Зошто? Многу е едноставно, луѓето повеќе сакаат да соработуваат и да купуваат од некој со визија и цел.

Книгата може да се нарача онлајн преку веб страниците како Book Depository, Amazon итн, а цената ѝ се движи околу 500 денари. Не чекајте и набавете си ја, особено ако сте претприемач кој навлегува во бизнис водите.

 

Сподели!
- Advertisement -