IBM го направи најмалиот компјутер во светот

- Advertisement -

Компанијата IBM го направи најмалиот компјутер во светот. Компјутерот има приближно еднаква снага како и компјутерите од 90-тите години на минатиот век. Неколку стотини транзистори му овозможуват да следи, да анализира, да комуницира и да реагира на податоци. Интересно е тоа што компјутерот чини само 10 центи, пренесува Klix.ba.

Компјутерот е наменет за следење на испорака на стока, детектирање кражба, измама и за извршување на едноставни задачи како што е сортирање на податоците коишто ги добива. Според она што го велат од IBM, ова е само почеток затоа што слични системи на овој во иднина ќе бидат дел од предмети и уреди во домот. Експертите од IBM моментално го тестираат прототипот, така што уште не е познато кога ќе се најде во масовна употреба.

Сподели!
- Advertisement -