Sony претстави паметни телефони за екстремна забава

- Advertisement -

Sony нeoдамна претстави два нови модели на серијата Xperia, кај кои најголем акцент се става на екстреманата забава и мултимедијалноста

Хардверски ови два уреди по ништо не се разликуваат од конкурентските топ модели – имаат процесор  Snapdragon 845, 4GB RAM и 64GB меморија за складирање податоци, која може да се зголеми до 4TB, Full HD+ HDR екрани. Сепак, она по што многу се разликуваат од конкуренцијата се видео и аудио искуството.

Со задната камера од 19MP може да се снимаат 4K HDR видеа, поддржува супер ѕlow-motion видеа (Full HD 960fps) и фотографирање и снимање во услови со лошо осветлување (ISO 12800 за фотографии и ISO 4000 за видеа), додека од предната страна се наоаѓа камера од 5 мегапиксели која освен обични селфи може да прави 3Д селфи кои може да се стават на Facebook или да се користат како аватари.

- Advertisement -

Љубителите на музиката ќе се израдуваат и на предните стерео звучници кои се 20% посилни во однос на претходните модели на XZ1, а треба да се истакне и еден новитет достапен само на XZ2 – Dynamic Vibration System. Благодарение на оваа технологија корисниците можат да го почувствуваат она што го слушаат затоа што DVS аудио сигбналите ги претвора во вибрации, па преку вибрации може да се почувствува ритамот на звукот, како и ефектите кога гледате филмови или играте игри.

Освен телефоните, Sony на конференцијата ги најави и слушалките Xperia Ear Duo, кои во САД ќе се појават во мај по цена од 280 долари.

Сподели!
- Advertisement -