Ова е најскапиот град за живеење во светот веќе петта година по ред

- Advertisement -

По петти пат по ред за најскап град во светот за живеење е избран Сингапур според рангирањето кое го прави Economist Intelligence Unit (EIU) именувано Worldwide Cost of Living report.

Истражувањето се темели на споредба на цените на 155 различни фактори како леб, вино, цигари, гориво итн. Истото опфати рангирање на вкупно 133 градови од светот.

- Advertisement -

После Сингапур, по највисоки цени е рангиран Париз, кој минатата година се наоѓаше на седмото место, а на третото место се најде Цирих, кој падна за една позиција. Во првите десет најскапи градови за живеење Европа има дури 5 претставници.

Од американските градови, во првите десет најскапи е рангиран единствено Њујорк.

- Advertisement -

Еве како изгледа листата со првите десет најскапи градови во светот:

10. Сиднеј, Австралија

- Advertisement -

9. Тел Авив, Израел

8. Копенхаген, Данска

7. Сеул, Јужна Кореја

6. Женева, Швајцарија

5. Осло, Норвешка

4. Хонг Конг, Кина

3. Цирих, Швајцарија

2. Париз, Франција

1. Сингапур

Од друга страна, пак, најевтино се живее во градовите во Индија и Пакистан, односно се работи за градовите Бангалор, Ченаи, Карачи и Њу Делхи.

Сподели!
- Advertisement -