Heinz и Absolut направија сос за тестенини со вотка?!

- Advertisement -

Брендот на сосови Heinz и брендот вотка Absolut ги здружија силите со цел да направат лимитирана серија на доматен сос за тестенини со доза на вотка.

Рецептот е инспириран од трендот кој супермоделот Џиџи Хадид го отпочна во 2020 година на ТикТок, кога сподели видео во кое приготвува penne alla vodka, односно тестенини со вотка.

- Advertisement -

„Знаевме дека има неверојатна побарувачка за penne alla vodka – делумно поттикната од возбудата на социјалните мрежи кога една славна личност го сподели рецептот на интернет. Тогаш мислевме дека можеме да го споиме најдоброто од двата света – најдобрите домати и најдобрата вотка. Е, тоа веќе би било нешто!“ – посочува Тад Грино, креативен бренд директор во The Absolut Company.

Каио Фонтенеле, директор за нови вложувања во Heinz, додава: „Иако можеби беа потребни повеќе од 150 години експертиза за домати за да го лансираме нашиот прв сос за тестенини Heinz, ние сме решени да продолжиме да иновираме и да ги воодушевуваме потрошувачите со вкусни вкусови, со брзина на трендовите на социјалните медиуми“.

- Advertisement -

Новиот асортиман на доматни сосови со вотка ќе се продаваат во британскиот ланец на супермаркети Waitrose, почнувајќи од средината на април. Со цел промоција на новиот производ, брендовите лансираа и серија на рекламни постери кои ја комбинираат теглата на новиот сос на Heinz со препознатливата форма на шишето вотка на Absolut, но и неколку други привлечни дизајни.

Marketing365

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -