Кинеска фирма заинтересирана за иновацијата на штипските гимназијалци – маска за телефон за лица со Рејнаудов синдром

- Advertisement -

Кинеска инвестициска фирма пројавила интерес за иновацијата на штипските гимназијалци за кои пишувавме пред неколку месеци чија иновација е маска за мобилен телефон за лицата со Рејнаудов синдром или познат како синдром на студени раце.

Гордана Арсова, која е дел од тимот заедно со уште четири свои соученици, вели дека тимот се подготвува за натпревар во Брисел, чиј фонд изнесува еден милион евра. За натпреварот во Брисел се работи на прототипот, а за сега изработен е грејач кој треба да се вгради во маската која понатаму ќе им ги загрева рацете на лицата со Рејнаудов синдром.

- Advertisement -

„Имаме заинтересираност од кинеска фирма за иновации која се вика Фосун. Тие ни пратија е–маил и треба да извршат е истражување како ќе се пласира производот на пазарот“, изјави Арсова за ТВ Канал 5.

Петмината штипски гимназијалци заедно со својот ментор, проф. Петре Петковски се сретнале и со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Блажо Боев. Петковски вели дека во изминатиот период ја добиле и потребната помош и поддршка од универзитетските професори.

- Advertisement -

„Секојдневно истражуваме, имаме огромна соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, каде што со нивните професори од Машински факултет го подготвивме протипот за натпреварот што следува во Брисел“, изјавил Петковски.

Ректорот на УГД изјавил дека ваквата соработка е вистинска и води кон правиот пат за да имаат и квалитетни студенти кои ќе се запишат на нивните факултети, а иновацијата на штипските гимназијалци води и кон создавање на нов производ што ќе отвори и нови работни места.

- Advertisement -

„Во секој случај со гимназијата имаме и други соработки кои не само што се однесуваат на помош во едукацијата, туку и во конкретна помош, која ќе следи со отварање на некои простории, кои ќе бидат опремени од страна на универзитетот“, изјави Боев.

Петмината средношколци од Гимназијата „Славчо Стојменски“ Штип претходно остварија победа на меѓународниот натпревар за стартапи „Get in the ring“ во категоријата за електронско здравство, со што им го отвори и патот кон натреварот во Брисел.

Подетално за нивниот производ и како дошле до идејата, прочитајте во интервјуто кое Иновативност го правеше со гимназијалците на следниов линк.

Сподели!
- Advertisement -