Утре ќе се одржи уште една coworking сесија во CEED Hub Скопје заедно со Funky Coworking Friday – добро познатата иницијатива на стартап заедницата во Македонија. Ова е редовна сесија од серијата на настани кои хабот ги организира со гости – експерти кои се во Македонија и помагаат во развивање на стартап екосистемот.
Овој пат на coworking настанот ќе можете да учествувате во Ask-Me-Anything сесиjaта со Oliver Pugh кој ја основал компанијата EarlyBird во 2014. Тоа е компанија која доставува ужинка/грицки до вратата на своите корисници, во комбинација со парче уметност и музика. EarlyBird е ликвидирана во 2016, а во моментов тој работи во стартап светот.
Темите за кои можете да разговарате се него се различни и вклучуваат дигитален маркетинг, искуства со прибирање капитал и процесот преку кој се прибираат средства, бизнис совети итн. Инаку, Оливер е #SwissEP Entrepreneur-In-Residence кој работи со стартапи и организации во Македонија. EIR Europe е иницијатива од страна на Швајцарската Претприемничка Програма, финансирана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact заедно со J.E. Austin.
Доколку сакате да го отфрлите традиционалниот начин на работа, посетете ги новите канцеларии на CEED Hub Skopje (локација на следниов линк) во петок 23 март на coworking сесијата која ќе трае од 12 до 15 часот.
Настанот е наменет за сите фриленсери, стартапџии, дизајнери, маркетери и други кои бараат алтернативно место за работа и кои сакаат да се запознаат со Funky заедницата.
Повеќе информации за Оливер и неговите досегашни искуства, можете да најдете на следниов линк.