Philips тестира светлосен Интернет!

- Advertisement -

Li-Fi е технологија за безжична комуникација меѓу уреди која за преноса на податоци користи ЛЕД светла кои се палат и се гасат во период од наносекунди  и се невидливи за човечкото око. Технологијата е креирана и беше тестирана уште во 2011 година, а научниците во лабораториски услови забележаа брзина на пренос на податоци од 224 GB во секунда.

Сега Li-Fi повторно го привлекува вниманието на јавноста – компанијата Philips објави дека почнала да ја тестира светлосната Интернет мрежа во Париз. Новата технологија решава некои од проблемите кои ги има Wi-Fi, но и самата се соочува со одредени тешкотии бидејќи за разлика од Wi-Fi сигналот, лошата страна на Li-Fi  е тоа што не поминува низ ѕидови затоа што се базира на светлина, па има ограничен досег. Од друга страна, поради ограничениот досег Li-Fi е целосно безбедна од хакерски напади.

- Advertisement -

Philips, меѓу другото, произведува и паметни светла како сијалиците Hue и во иднина покрај светлата ќе може да нуди и Интернет конекција.

Сподели!
- Advertisement -