Google Maps ќе ви овозможи да видите колку долго ќе чекате во ресторан и за јавен превоз

- Advertisement -

Апликацијата Google Maps, наскоро, ќе им овозможи на корисниците да дознаат колку е просечното време на чекање во ресторан.

Како што стои во соопштението од Alphabet, во новата опција на апликацијата, ќе бидат опфатени повеќе од милион ресторани ширум светот. Засега не е откриена листата на опфатените ресторани.

- Advertisement -

Од компанијата дополнително најавија уште една интересна функција. Наскоро со помош на апликацијата ќе може да се пристапи до корисни информации кои се однесуваат на јавниот превоз во поголемите градови во светот.

Слични информации веќе нуди конкурентската апликација Citymapper која моментално може да се користи само во неколку градови како Париз, Њујорк, Хонг Конг, Тајпеј, Лос Анџелес, Москва, Мадрид, Барселона и други.

Сподели!
- Advertisement -