Adidas лани продале милион патики од рециклирана пластика

- Advertisement -

Гигантот за производство на спортска опрема Adidas објави дека продаде еден милион патики изработени од рециклирана пластика којашто доаѓа од пластичниот отпад од океаните.

Adidas, во соработка со еколошката организација „Parley for the Oceans“, во 2016 година претстави три нови верзии на UltraBoost патики кои се направени од пластичен отпад. Основната цел е намалување на ѓубрето во океаните.

- Advertisement -

„Изминатава година продадовме милион патики направени од пластика којашто е извадена од океаните.“, изјавил извршниот директор Каспер Рорстед за телевизијата CNBC.

Уште при лансирањето на UltraBoost серијата на патики, од компанијата објавиле дека очекуваат продажба на околу еден милион пара патики. Инаку за секој пар патики во просек биле употребени 11 пластични шишиња. Следните планови на Adidas е да започнат со производство и на костими за капење од рециклирана пластика.

- Advertisement -

Погледнете како изгледаат овие патики и како се произведени:

Сподели!
- Advertisement -