Мобилната е-трговија со брз раст на глобално ниво, трендот ќе продолжи

- Advertisement -

Е – трговијата во последниве неколку години многу бргу напредува, а многу брендови веќе почнаа да ги препознаваат предностите на истата. Како што покажува статистиката, брз раст се забележува во сегментот на пазарење онлајн преку мобилен телефон.

Како што пренесува ICT Business, во минатата година, е – трговијата преку мобилен телефон остварила промет од 1,36 трилиони долари, а само една година претходно, односно во 2016 година, промет од 970 милијарда долари.

- Advertisement -

Ова значи дека вкупно 58,9% од вкупниот промет во е – трговијата е остварен со купување преку мобилен телефон. Веќе во оваа година, се прогнозира дека мобилниот сегмент од е – трговијата ќе достигне 63,5% односно вкупно 1,8 трилиони долари.

Се очекува растот да продолжи и во 2019 година со тоа што се прогнозира за промет од 2,32 трилиони долари, односно 67,2% од вкупниот промет на целата е- трговија ширум светот. До 2021 година, овој број би требало да дојде и до 3,56 трилиони долари, односно удел од 72,9%.

- Advertisement -

Сите компании кои би сакале да остварат поголеми приходи, мораат да им овозможат на клиентите колку што е подобро мобилно искуство, бидејќи тоа е она што се вреднува и бара.

За подетални информации за оваа статистика, погледнете го следниов инфографик.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -