Microsoft ќе ги напојува своите дата-центри со енергија од 750.000 соларни панели

- Advertisement -

 

- Advertisement -

Гигантот Microsoft најави дека ќе купи два нови соларни проекти во Вирџинија so капацитет од 315 мегавати, како дел од планот на компанијата да ги напојува глобалните дата-центри со обновлива енергија. Технолошкиот гигант го нарекува ова „најголемата коропоративна зделка“ со соларна енергија во САД, пренесува Светскиот економски форум.

Ова ќе му помогне на Microsoft да ја достигне својата цел – своите операции да ги напојува со 60% од обновлива енергија до 2020 година. „Денес го потпишуваме најголемиот соларен договор во САД. Проектот со капацитет од 315 мегавати во Вирџинија ќе ни помогне уште побрзо да напредуваме во креирањето почист облак“ изјавија од Microsoft.

- Advertisement -

„Овој проект не значи само повеќе гигават-часови, затоа што нашата посветеност не се однесува само на трансформирање на нашите операции. Исто така, се работи за помагање на другите да имаат пристап до повеќе обновлива енергија“ додаваат од Microsoft.

Кога ќе биде готов, овој проект ќе биде петтиот најголем во САД. Двата проекти заедно наречени Pleinmont I и II ќе се состојат од повеќе од 750.000 соларни панели на површина од повеќе од 800 хектари, а заедно ќе произведуваат околу 715.000 мегават-часови годишно.

Сподели!
- Advertisement -