Синоќа доделени признанијата на најуспешните жени менаџери за 2017

- Advertisement -

Најуспешните жени менаџери за 2017 година, синоќа ги добија своите признанија на 22. избор на Топ 10 најуспешни во организација на „Марили“.

 

- Advertisement -

Годинашни добитнички на признанието се Пенка Мукаетова од Консалтинг Интер Груп, Лидија Таскова-Попова од „ЕСП“, Горица Дачевска од ПЗУ „Др. Горица Дачевска“, Ирена Јакимовска од„Комфи Ангел“, Јана Јанеска-Ристески од Центар за современа ликовна уметност, Елена Табаковска од „Фармаген“, Слаѓана Стаменкова од „Елит Травел“, Александра Аргир од Пивара Скопје, Магдалена Трајковска-Трпевска, генерален менаџер во Технолаб и Наташа Стојковска од „Витаминка“.

Тие доаѓаат од успешни компании од приватниот сектор, од различни области и дејност, од целата држава. Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.

- Advertisement -

Лидија Трипуновска, генерална менаџерка на „Марили“, во своето обраќање потенцираше дека оваа Топ 10-ка е дел од Марили бизнис клубот кој што ги поддржува сите жени менаџери од досегашните избори кои заемно соработуваат, разменуваат идеи, искуства, но работат и на проекти.

„Се запознавме со нивните амбиции, идеи, планови, со нивните тимови, со катадневната битка за пласман и профит за високи резултати и со креативноста која ја внесуваат во своите проекти и дојдовме до вечерашната Топ 10 на најуспешни жени менаџери лауреатки на кои им оддаваме почит и признание.“, додаде таа.

- Advertisement -

Овогодинешниот избор беше поддржан од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Покрај традиционалниот избор на 10-те најуспешни жени менаџерки, „Марили“ годинава по четврти пат го организира и Денот на здравјето. Насловен како „Дама Да“ ќе се одржи утре, а е во функција на современата жена.

На едукативниот ден ќе има предавање, презентации и хуманитарна аукција на слики, а специјална гостинка е српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ.

Сподели!
- Advertisement -