Колку следбеници треба да имате на социјалните мрежи за да заработите 100 долари дневно?

- Advertisement -

Ивана Шулц е експерт за социјални мрежи, маркетинт (особено дигитален), Интернет, бизнис и кариера. Таа ги советува младите луѓе како да почнат да работат на YouTube или на Instagramu. Во разговор за Šibenski.hr, кој го пренесува Poslovni Dnevnik, откrива како да се заработи на социјалните мрежи и што  е потребно за да стане инфлуенсер кој заработува сериозни пари.

– Кога станува збор за заработката од Instagram, според податоци од 2017 година со помалку од 10.000 следбеници може да се заработат 93 до 137 долари по пост; 10.000-50.000 следбеници – 140 до 185 долари по пост; 50.000-100.000 следбеници – 210 до 250 долари по пост; 100.000-250.000 следбеници – околу 400 долари по пост; 250.000-1.000.000 следбеници – околу 700 долари по пост; повеќе од 1 милион следбеници – 1500 долари или повеќе по пост.

- Advertisement -

Бројките за YouTube, пак, се следните: 50.000-100.000 претплатници – од 500 до 1.000 дoлари по видео; 100.000-500.000 претплатници – од 1.000 до 3.000 долари; повеќе од 500.000 претплатници – 5.000 долари и повeќе.

Треба да се земе предвид и дека ова се некои заокружени бројки и дека зависи од самиот инфлуенсер колку ќе заработи. Има мали профили кои имаат од 1.500 до 3.000 следбеници и заработуваат повеќе од некои профили со повеќе од 10.000 следбеници ако знаат да се „продадат“ и да го понудат она што се бара на пазарот, како и квалитетна интеракција со следбениците.

Сподели!
- Advertisement -