Њујорк лансираше бесплатна апликација за заштита на њујорчани од сајбер криминалци

- Advertisement -

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, претстави нова мобилна апликација која ќе им помогне на њујорчаните да се заштитат онлајн. Апликацијата NYC Secure, која корисниците на iPhone и на Android ќе можат да ја симнат летово, ќе им помогне на луѓето да ги избегнат небезбедните WiFi мрежи и да детектираат злонамерни содржини и апликации на нивните уреди, пишува Business Insider.

„Сега нашите животи се повеќе се одвиваат онлајн и наша задача е да се осигураме дека луѓето се безбедни онлајн. Нашите улици веќе се најбезбедни од кој било друг голем град во светот, а сега ќе ги заштитуваме њујорчани и во сајбер просторот“, изјави Де Блазио.

- Advertisement -

Апликацијата ќе ги следи уредите во случат да се појави абнормално однесување и ќе го предупреди корисникот. Ќе го предупреди корисникот и кога ќе се обиде да се приклучи на WiFi мрежа која содржи малициозни содржини, како и кога ќе се обиде да инсталира небезбедни апликации од некоја продавница за апликации.

Идејата за апликацијата доаѓа од NYC Cyber Command (NYC3), владина агенција која се грижи за безбедноста на градот Њујорк од сајбер напади, но ја изработи надворешен партнер. Од Градот Њујорк изјавија дека апликацијата нема да собира никакви лични податоци од луѓето коишто ќе ја симнат.

- Advertisement -

Нашата цел беше апликацијата да ја дизајнираме така што ќе ги прави работите само коишто ги бараме од неа и ништо повеќе од тоа. Нема да собира податоци од другите инсталирани апликации на уредите и да ги испраќа на трети страни. Ќе ги врши само функциите кои се неопходни за да ги води луѓето подалеку од онлајн закани“ додаваат од Градот.

Иако иницијативата е наменета пред се за њујорчани, апликацијата ќе биде достапна за сите жители на САД. Освен апликација, Њујорк прави напори да воведе дополнителна заштита на сите WiFi hotspots за луѓето да знаат која некоја мрежа е небезбедна. Апликацијата и заштитата на WiFi ќе го чинат Њујорк 5 милиони долари годишно.

Сподели!
- Advertisement -