TripAdvisor ги објави најпопуларните дестинации во светот за 2018 година

- Advertisement -

TripAdvisor пред неколку дена ја објави својата листа на најпопуларни дестинации ширум светот за 2018 година. Можеби е веќе време да почнете да размислувате каде ќе го поминете годишниот одмор, кој и не мора да биде покрај море. За почеток, разгледајте ја листава која ви ја пренесуваме, па можеби ќе се инспирирате.

1. Париз, Франција

- Advertisement -

Не е изненадување тоа што најромантичниот град во светот е рангиран на првото место. Париз изобилува со атракции и прекрасни места, па овде ќе можете да уживате во прошетките покрај Сена, да се качите на Ајфеловата кула, да ги посетите музеите на градот како Лувр и да одвоите еден ден за палатата Версај која ги има едни од најубавите градини во светот.

TripAdvisor советува дека во Париз е најевтино да се оди во август.

- Advertisement -

2. Лондон, Англија

- Advertisement -

Во Лондон, историјата се судира со уметноста, модата, храната и доброто пиво. Лондон е посебно популарен годинава и поради кралската венчавка закажана за во мај. Но бидејќи токму во тој период се очекуваат многу туристи, вам би ви било најевтино да отидете уште сега во април.

3. Рим, Италија

Во Рим ќе ги имате едни од највкусните оброци од било кое патување. Градот изобилува со пицерии, отворени пазари, а секако и безброј историски атракции кои мора да се видат за да се доживее грандиозноста на некогашната Римска Империја.

Престолнината на Италија е најевтина за посетување во август.

4. Бали, Индонезија

Патувајте во Бали кој сам по себе наликува како една виртуелна разгледница. Бали изобилува со плажи со бел песок, многу вкусни локални специјалитети и неверојатна архитектура.

Во Бали најевтино е да се отпатува во април.

5. Крит, Грција

Крит е најголемиот остров во Грција и е дом на дива природна убавина и илјадници години на култура, историја и неверојатна кујна.

На Крит најдобро е да се патува во октомври кога е најевтино.

6. Барселона, Шпанија

Барселона е искуство сама по себе. Овде можете да пиете сангрија во кафуле на познатата улица Las Ramblas додека гледате улични изведби, а кога ќе станете гладни можете да посетите некој ресторан каде ќе ги вкусите традиционалните тапас.

Најевтино да се отпатува во Барселона е во ноември.

7. Прага, Чешка

Престолнината на Чешка изобилува со култура и историја, а готската архитектура ќе ви го направи искуството уште понезаборавно. Прага е совршена комбинација за оние за кои одморот не мора да е задолжително покрај плажи.

Во Прага ќе ви биде најевтино за посета во ноември.

8. Маракеш, Мароко

Град кој изобилува со отворени пазари, градини, палати и џамии. Маракеш е навистина магично место каде искусите дел од арапската култура.

Во Маракеш патувајте во јуни кога е најевтино.

9. Истанбул, Турција

Во Истанбул лесно ќе ви биде да се измешате со локалното население во некој од пазарите како Капали Чаршија, да посетите некоја џамија чии ѕидови ги краси неверојатна уметност, а секако да отидете и во традиционална турска бања за да се опуштите.

Исто така, Истанбул е релативно евтин град за разлика од другите метрополи, па кога и да решите да го посетите, нема да зажалите.

10. Њујорк, САД

Во Њујорк никогаш нема да ви здосади и секогаш ќе откривате нови места каде може да се дружите и да разгледувате. Едноставно, во големото јаболко постои по нешто за секого.

Како последен на листата, TripAdvisor советува дека најевтино во Њујорк ќе поминете доколку го посетите во август.

Сподели!
- Advertisement -