Српската државна агенција за развој ќе лансира сопствен акцелератор за стартапи

- Advertisement -

Српската државна агенција за развој RAS објави дека планира да започне пилот проект за отворање на акцелератор за стартапи оваа пролет со цел да го подобри пристапот на малите и средните претпријатија до извори на финансирање.

Главната цел на проектот е да се претстават инструменти и да се развијат практични решенија за да се имплементира стратешка рамка за поддршка на развој на акцелераторите.

- Advertisement -

Како што пренесува порталот SEENews, програмата ќе таргетира иновативни микро, мали и средни претпријатија во Србија кои имаат ограничен пристап до капитал, особено во раните фази на развој. Важна таргет група на проектот ќе бидат и организациите за поддршка на бизнисот кои пак ќе овозможуваат нови и подобрени услуги за акцелерација.

 

Сподели!
- Advertisement -