Volkswagen престанува да ја произведува Bubа

- Advertisement -

Volkswagen во јули 2019 година ќе престане да ја произведува Bubа, автомобилот со највпечатлив дизајн во светот, кој со децении привлекуваше потрошувачи од целиот свет. Германската компанија порача дека производството на автомобилот во нивната фабрика во Мексико ќе заврши во јули идната година откако ќе се направат скавенички модели, пренесува SEEBiz.eu.

Buba има корени од нацистича Германија, кога е создаден „народен автомобил“, но стана ѕвезда со супешните Дизни филмови за автомобилот со назив „Herbie“. По децении успех продажбата опадна изминатите години, особено на клучниот американски пазар, затоа што американските потрошувачи се повеќе се вртат кон поголеми автомобили.

- Advertisement -

По скандалот во врска со штетната емисија на дизел возилата и огромните инвестиции во елетрични возила, Volkswagen ќе го намали распонот на своите модели и ќе се фокусира на семејни дизел возила и на електрични автомобили. Од компанијата соопштија дека последните модели на Bubа ќе бидат достапни во стилот на купе и кабриолет.

Настанувањето на Bubа се врзува со мрачната доба на нацизмот во Германија, кога е замислена како возило за широките маси. Но, откако Хитлер ја воведе Германија во крвава војна со светот, фабриката била сериозно оштетена и паднала во рацете на сојузничките сили. Производството добива замав во доцните четириесетти години на минатиот век, а до 1955 година на германските улици има 1 милион автомобили Buba.

Сподели!
- Advertisement -