Кинески научници создадоа градежен материјал отпорен на силен оган

- Advertisement -

Кинески научници создадоа градежен материјал отпорен на силен оган, кој може да издржи пламен од приближно 1.300 степени Целзиусови. Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија во Кина создадоа композитен аерогел со ниска проводливост на топлина, кој е многу отпорен на оган, ги пренесува Klix.ba наводите на сајтот XinhuaNet.

Композитот, кој е синтетизиран од фенол-формалдехидна смола и силициум, може да издржи пламен со висока температура без да се распадне. Самиот композит е многу порозен и еластичен и покажува мнпгу поголема отпорност на оган во споредба со материјалите кои моментално се користат за изолација како што се стиропорот и стаклената волна.

- Advertisement -

Според истражувачите, ако се употребува во ѕидови, материјалот може да обезбеди поголема заштита против уништување на потпорните бетонски структури предизвикано од пожар, што ќе овозможи повеќе време за евакуација на луѓето. Исто така, може да се употреби за изолација на стари згради.

Сподели!
- Advertisement -