Кандидатите доаѓаат до работа на различни начини, а кој е најчестиот начин, истражи хрватскиот портал за вработување MojPosao, кој спроведе анкета помеѓу повеќе од 1700 испитаници, пишува ICT Business.
Околу 50% од испитаниците одговориле дека добиле работа по пат на оглас.
„Поранешен вработен дал моментален отказ поради несложување со надредените и итно бараа некој кој ќе ја потполни празната работна позиција. Во петокот бев на разговор, а во понеделникот веќе започнав да работам.“, одговорил еден од испитаниците.
37% од испитаниците пак рекле дека работата ја добиле со препорака.
„Битно е вмрежувањето, а не класичните врски“, смета друг испитаник. Некои од испитаниците рекле дека за слободни работни позиции дознаваат од пријатели и познаници, додека пак на некои, за да ја добијат работата, им помогнала препораката од колега.
Преку праќање на отворени молби за работа, работна позиција добиле 13% од испитаниците.