Facebook ќе им овозможи на корисниците да ги видат и избришат податоците кои ги собира за нив

- Advertisement -

Facebook најави серија нови промени на мрежата, меѓу кои и тоа корисниците да можат да ги видат и избришат доколку сакаат податоците кои се собираат за нив. Промените доаѓаат во време кога компанијата се обидува да ги амортизира ефектите од скандалот со Cambridge Analytica кои без дозвола искористија податоци за корисниците на мрежата за политички кампањи.

Во наредните недели, Facebook ќе ги промени и условите на услугите и политиката за податоци со што корисниците ќе видат како се собираат податоците. Освен што ќе можат да се бришат податоците, ќе може да се спречи и понатамошно собирање на истите, пренесува Klix.ba.

- Advertisement -

„Некои луѓе сакаат да го избришат она што го споделувале во минатото, додека пак други се заинтересирани само за податоците кои се собрани за нив. Поради тоа ја воведуваме опцијата Access Your Information или пристапете до вашите податоци што е сигурен начин за пристап и управување со информациите.“, стои во соопштението на Facebook.

Компанијата сега се обидува со низа мерки да си го врати угледот кој ѝ беше нарушен во јавноста. Критики на сметка на компанијата стигнуваат од милиони корисници, но и од бизнисите кои си ги повлекуваат рекламите од Facebook.

- Advertisement -

Вредноста на акциите на Facebook падна за 18% од 16. март наваму кога беше објавен скандалот со британската консултантска фирма. Поради падот на акциите, компанијата сега вреди за 100 милијарди долари помалку.

Сподели!
- Advertisement -