Паметна тетоважа ве преупредува кога ви е доста сончање

- Advertisement -

Изгорениците предизвикани од сонцето не се играчка. Kога некој поминува премногу време на сонце честопати заборава да нанесе крема за сончање. Новата компанија LogicInk креираше привремена тетоважа која ја менува бојата доколку премногу долго се изложувате на УВ зраци, и предупредува навреме да се тргнете на сенка и  така ќе спречи да изгорите.

Привремената тетоважа се вика Logic UV. Има форма за два круга поставени еден околу друг. Едниот круг е светло розов додека средниот круг е бел. Белиот круг го мери интензитетот на УВ зраците и ја менува бојата од бела до виолетова. Розовиот круг Исто така ја менува бојата од светло розова до виолетова колку подолго време стоите на сонце. LogicInk креираше различни Logic UV тетоважи за мерење различни нивоа на интензитет на УВ зраците за луѓе со почувствителна кожа. LogicInk подоцна есенва ќе лансира бета програма за Logic UV.

- Advertisement -

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -