Доколку сте го гледале филмот Family Matters од 90-тите години, можеби се сеќавате на микроавтомобилот Isetta со предна врата како врата на фрижидер. Isetta бшеше произведена од италијанската компанија Iso SpA во 1952 година, но во 1954 година опремата за производство на д дизајнот на телото на автомобилот беа купени од BMW. На жалење на ентузијастите за автомобили, производството беше прекинато во 1962 година.
Сега, повеќе од половина век подоцна, швајцарската компанија Micro Mobility Systems го враќа назад класичниот дизајн со нова електрична верзија. Компанијата го претстави Microlino, електричната верзија на Isetta пишува GreenMatters. Изгледот на овој микро електричен автомобил е достоен на оригиналот. Патниците можат да влезат од предниот дел на автомобилот, каде што се наоѓа и воланот и инструмент таблата.
Патникот и возачот седат еден до друг на едно седиште. Задната врата се отвора и има малку простор за товар, додека светлата се поставени на предната страна од ретровизорите за поголема практичност. Иако нема многу простор внатре, од друга страна, полесно ќе го паркирате затоа што го собира секаде. Microlino е долг само 2 метри.
Тежок е околу 400 кг и не му треба голема моќност за да се придвижи. Microlino ќе има 2 опции за батерии – 8 kWh или 14.4 kWh, кои ќе овозможат досег од 120 до 2015 километри со едно полнење. Батериите може да се полнат за само 4 часа во кој било штекер дома. Автомобилот дефинитивно е дизајниран за градско возење затоа што максималната брзина му е 90 км/ч.
Тимот на Microlino соработуваше со Универзитетот за применети науки во Цирих за стариот дизајн да се донесе во 21 век. За да го тестираат тие преправија стара Isetta, додадоа батерии и првиот прототип беше готов во 2015 година. Потоа склучија партнерство со италијанскиот производител на автомобили Tazzari. Планот е првите електрични верзии на Isetta ќе бидат готови летово.