Twitter избриша повеќе од 1 милион профили поради промовирање тероризам

- Advertisement -

Twitter почна да отстранува помалку профили поради промовирање тероризам. Во втората половина од минатата година социјалната мрежа исклучи 274.460 профили, што е за 8,4% помалку отколку претходните шест месеци, пишува Forbes. Бројките за изминатиот период исто така се пониски во споредба со претходните шест месеци. Се на се, од август 2015 година досега компанијата има отстрането повеќе од 1 милион профили поради промовирање тероризам.

Од компанијата признаваат дека ова е доказ дека нивните политики најпрвин се фокусирани на спречување на луѓето да поттикнуваат терористички активности. „Продолжуваме да го гледаме позитивното, позначајното влијание на годините напорна работа на нашата страница како едно непожелно место за промоција на тероризам, па токму затоа промоторите на вакви активности значително се оттргнуваат од Twitter”, се вели во компаниски блог.

- Advertisement -

Од сите профили кои се избришани во изминатите шест месеци кај 93% алармот дошол од внатрешните алатки, додека 3/4 од профилите биле избришани пред да го постават својот прв пост, што значи дека Twitter, всушност, е многу добар во забележување ботови. Интересно е тоа што 0,2% од избришаните профили се на интеревенција и предупредување од влади, кои би требало самите да бидат построги затоа што од социјалните мрежи како Twitter бараат построги безбедносни политики.

Германија, на пример, неодамна воведе закон со кој од социјалните медиуми се бара да се отстрани секаков говор на омраза или ќе има сериозни последици, а британските и француските политичари побараа казнени мерки доколку навреме не се отстранат терористичките содржини. Но, како што наведуваат од Twitter, нема прецизна дефиниција на тоа што претставува тероризам и станува се потешко да се открие онлајн, а од Twitter тврдат дека ќе станува се потешко.

Сподели!
- Advertisement -