Европејците по фиоките имаат околу 700 милиони стари мобилни телефони

- Advertisement -

Европската комисија им препорача на државите-членки да ги поттикнат жителите да ги враќаат старите и искористени мобилни телефони, таблети, преносни компјутери и полначи, што ќе придонесе за зајакнување на циркуларната економија.

Во ЕУ се собираат многу малку стари електрични уреди. Се проценува дека во фиоките по европските домаќинства има околу 700 милиони стари мобилни телефони.

- Advertisement -

Мобилните телефони се полни со драгоцени материјали, кои се сметаат за критични суровини, како што се ретки метали, кобалт, индиум, тантал, галиум и скапоцени метали.

Над 700 милиони стари мобилни телефони се наоѓаат во нашите фиоки, речиси два по жител. Граѓаните не знаат што да прават со нив, велат од ЕУ. Додаваат дека треба да се преземат чекори за полесно враќање на тие уреди, да се дадат на поправка или да се рециклираат.

- Advertisement -

Меѓу другото, Европската комисија препорачува финансиска мотивацијаз а враќање на уредите, да се овозможи враќање преку пошта со однапред платена поштарина, да се зголеми видливоста на местата за собирање стари електронски уреди и на граѓаните да им се објасни како безбедно да ги избришат своите податоци од тие уреди.

ЕУ преку својот Зелен план бара луѓето да се откажат од пристапот „земји-производи-фрли“, да се премине на карбонски неутрална, еколошки одржлива, нетоксична и целосно циркуларна економија до 2050 година.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -