„Демонстрант во пламен“ е најмоќната фотографија на годината

- Advertisement -

Фотографот од агенцијата France-Presse, Роналдо Шмит е добитник на престижната награда за новинарска фотографија на годината World Press Photo of the Year за фотографијата од маскиран венецуелски демострант кој фатил пламен за време на протестите.

Шмит ја направил фотографијата минатата година во Каракас за време на насилните конфликти меѓу интервентната полиција и демострантите кои протестирале против претседателот Николас Мадуро. Според судиите на натпреварот, фотографијата ја симболизира земјата во пламен и предизвикува силни емоции.

- Advertisement -

Фотографот Шмит кој инаку живее во Мексико, ги следел протестите минатата година кога демонстрантот на фотографијата, Виктор Салазар заедно со други демонстранти се обиделе да запалат полициски мотоцикл кога од експлозијата и тие фатиле пламен.

„Почувствував експлозија зад својот грб, се свртив и почнав да фотографирам без да гледам.“, изјавил Шмит за тоа како ја направил фотографијата. Со камерата го фатил Салазар како во пламен трча накај него. Момчето преживеало, но завршило со изгореници од втор степен.

- Advertisement -

Инаку, Шмит исто така е од Венецуела, но ја напуштил државата пред осумнаесет години и изјавил дека има измешани емоции за наградата бидејќи знае низ што поминува државата.

Оваа година, судиите на натпреварот за фотографии оценувале околу 73 000 фотографии испратени од 4 548 фотографи од 125 земји.

Сподели!
- Advertisement -