Кина го има најголемиот и највредниот стартап за AI во светот

- Advertisement -

Стартапот SenseTime Group Ltd. успеа да добие инвестиција во иснос од дури 600 милиони долари од Alibaba Group Holding Ltd. и други инвеститори и да достигне вредност поголема од 3 милијарди долари. Со тоа стартапот стана највредниот стартап за вештачка интелигенција во светот, пишува Bloomberg.

Компанијата, која е специјализирана за системи кои анализираат лица и слики во големи количини, вели дека ја завршила третата рунда инвестиции во којашто учествувале и инвестициската компанија Temasek Holdings Pte од Сингапур и трговецот Suning.com Co. SenseTime не ги открива износите на индивидуалните инвестиции, но од Alibaba изјавија дека инвестицијата во овој тригодишен стартап им е најголема досега.

Со склучувањето на зделката SenseTime си ја дуплираше вредноста за само неколку месеци. Стартапот е поддржан од Qualcomm Inc. и е една од лидерските компании во Пекинг кои сакаат да му ја остварат амбицијата на градот да стане лидер во вештачка интелигецнија до 2030 година. Освен тоа, компанијата го има најголемиот систем за надзор во светот. На пример, доколку некогаш сте биле во Кина или ве фотографирале со кинески телефон, многу е голема веројатноста вашето лице да се наоѓа во дигиталната база на софтверот на SenseTime, кој е вграден во повеќе од 100 милиони мобилни уреди.

- Advertisement -

Со последната инвестиција стартапот ќе почне засилено да работи на полето на автономните возила и засилената реалност. Тие развиваат посебен код наречен Viper за да можат да процесираат податоци во живо од илјадници камери. Оваа платформа веројатно ќе стане неопходна за видеонадзор во светот. И не само тоа. Стартапот веќе преговара за нова рунда инвестиции во вредност од 4,5 милијарди долари.

SenseTime планира да изгради најмалу 5 суперкомпјутери во најголемите градови во светот во текот на 2019 година за да ја поддржи својата платформа Viper и некои други услуги. Како што е планирано, платформата ќе емитува илјадници преноси од камери во живо низ еден единствен систем каде што автоматски ќе се процесираат и тагираат преку уреди како скенери на канцелариски камери до камери на банкомати или на семафори. Крајната цел е симултано да може да се процесираат 100.000 преноси во живо.

- Advertisement -

Полицијата, на пример, ќе може да ја користи Viper за да следи се – од ситни прекршоци и сообраќајни незгоди до следење осомничени на црни листи. За 2018 година се очекува стартапот да има приходи од неколку милијарди јуани, односно неколку стотини милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -