Иднина или утопија: Луѓето нема да мора да работат, а ќе имаат пари и ќе живеат многу добро

- Advertisement -

Додека многумина се плашат од иднината во која ќе доминираат вештачката интелигенција и роботите, кои ќе ни ги украдат работните места, а можеби и ќе станат закана за целото човештво, најпознатиот светски футуролог Реј Курцвејл на ситуацијата гледа со многу повеќе оптимизам.

 

- Advertisement -

Решението кое го предлага тој и за кое веќе долго време се зборува се универзалните приходи, односно „бесплатните пари“ кои луѓето би ги добивале од државата, пренесува Zimo. Додека за универзалниот приход главно се зборува како за средство за преживување , Курцвејл смета дека луѓето би можеле добро да живеат од таквите приходи и најголем проблем за повеќето од луѓето би бил смислата на животот.

 

- Advertisement -

Моментално е невозможно да се предвиди како ќе изгледаат нашите животи во случај да се остварат неговите предвидувања и има многу недоумици околу начинот на распредеба на парите – дали сите луѓе ќе добиват пари, вклучувајќи ги и тие што работат, од каде ќе најде државата толку многу пари и како што напомена Курцвејл, како ќе се чувствуваат луѓето кои не работат ништо, односно дали ќе се чувствуваат бескорисни, без конкретна цел во животот.

 

- Advertisement -

Универзалниот приход, смета Курцвејл, во развиените земји ќе го има веќе во првата половина на 2030-тите години, додека во остатокот од светот луѓето ќе добиваат „бесплатни пари“ веќе кон крајот на идната деценија.

 

За време на говорот на TED конференција Курцвејл начна и некои негови омилени теми како што се поврзувањето на технологијата и човечкото тело и смета дека во иднина ќе биде чудно како луѓето во 2018 година имале само едно физичко тело и не можеле да ги складираат своите мисли во облак. Курцвејл повеќе пати има зборувано за тоа како благодарение на напредокот на технологијата и медицината ќе станеме бесмртни.

 

Сподели!
- Advertisement -