SpaceX сака да ги однесе луѓето уште подалеку од Марс – во друга галаксија

- Advertisement -

Планот на Илон Маск да ги однесе луѓето на Марс до 2024 година падна во втор план кога претседателката на SpaceX, Гвини Шотвел изјави дека нема да застане додека не освои некоја друга галаксија и не пронајде уште планети на кои може да се преселат луѓето во случај на голема катастрофа на Земјата.

На годинашната TED конференција, која се одржа во Ванкувер, претседателката на SpaceX, Гвини Шотвел, на јавноста по прв пат и претстави уште поамбициозна визија од таа на SpaceX да ги испрати луѓето на Марс.

- Advertisement -

Шотвел на конференцијата вчера истакна дека компанијата не планира да застане на ласирањето ракети на Марс, Сатурн или Плутон, туку сака да биде првата која ќе освои и други галаксии, пренесува tportal.hr наводи на Business Insider. Тие се надеваат дека ќе успеат да стапат во контакт со „што и да има таму“, алудирајќи на вонземјани.

Илон Маск, директор на SpaceX и Teslа, кој минатиот месец лансираше автомобил во вселената, изјави дека  SpaceX може да патува подалеку од Марс до далечни планети надвор од нашиот соларен систем со помош на планетарни станици за полнење кои би овозможиле патување се до Плутон. Компанијата е подготвена да шатува и до други делови од галаскиите, изјави Шотвел и додаде дека нејзината крајна цел е пронаоѓање живот во други галаксии.

- Advertisement -

Тоа е далеку повеќе од се што некогаш сакаше да направи Маск. Но, најпрвин компанијата мора да слета на Марс. За разлика од Маск, Шотвел е многу повоздржана во погле на временската рамка за порфатот. Маск рече дека вселенските бродови на SpaceX ќе полетаат на соседната планета веќе во 2022 година и дека првите луѓе ќе ги испрати тами две години подоцна, но Шотвел таа временска рамка ја продолжи за 10 години. Таа додаде дека целта на истражувањето на Марс не е само да се создадат услови за можно преселување таму туку е почеток на истражувањето на нови галаксии.

„Ако нешто и се случи на Земјата, ќе мора да ги преселиме луѓето на друго место. Мислам дека треба да пронајдеме повеќе алтернативни дестинации за да преживееме, а ова е една од нив. Марс е во ред, но е половично решение“ изјави Шотвел.

- Advertisement -

Со просечна површина температура од околу -62 степени Цезиусови и остри ветришта, условите би биле исклучително тешки за луѓето, но пред заминувањето најбитното прашање е како луѓето ќе преживеат патување кое ќе трае веројатно повеќе од 80 дена.

Сподели!
- Advertisement -